Докторот Нико Беќаровски ја претстави екипата со која го крена гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази.
Доктори од Клиниката за токсикологија на 22 април алармираа дека во оваа здравствена установа се случува хаос особено, како што велат, од назначувањето на организациската (економската) директорка Бесија Иљази на средината на февруари.
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија рече дека во неколку наврати било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, но директорката инсистирала да се вработат 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекле договорите.
Беќаровски рече и дека дополнителен проблем е и што немаат комуникација со директорката Иљази бидејќи, вели, таа не знае македонски јазик.
Тој најави можност да ја напушти Клиниката…
„Дозволете со посебно задоволство, чест и респект да Ви ги претставам останатите 6 колешки кои беа присутни на вчерашната прес конференција (од лево кон десно)
1. д-р. спец Билјана Иванова , Раководител на одделение
2. Проф. д-р. Жанина Переска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум на Клиниката и професор на Медицинскиот факултет.
3. Примариус др.спец Ирена Јуруков, раководител на отсек и Претседател на Управниот одбор на Клиниката.
4. Проф. д-р. Лидија Петковска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум и редовен професор на Медицинскиот факултет.
5. Науч.сор. д-р.сци Александра Бабуловска, Раководител на одделение и научен соработник на Медицинскиот факултет
6. Проф. д-р. Наташа Симоновска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум на Клиниката и професор на Медицинскиот факултет.
СИТЕ ПРИСУТНИ БЕА СО НАЈМАЛКУ 20 ГОДИШЕН СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТАЖ И НИТУ ЕДЕН НЕ БИЛ И НЕ Е ПАРТИСКИ АКТИВИСТ.
Сите сплотени со една мисла, Клиниките да зрачат со стручност и највисок квалитет, а не со квантитет.

Дозволете во мое и во името на сите колешки, да Ви се заблагодарам на сите, повеќе од десет илјади граѓани, кои ни дадовте директна или индиректна подршка.
На крај посебен “поздрав” до ЛЕКАРСКАТА КОМОРА, која ……“ напишта тој на фејсбук.