Изјави секојдневно пристигнуваат за коруптивни активности за злоупотреби од страна на поранешните министри и други високи функционери.
Истрагите се во полн замав.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во „Дејли клик“ на ТВ21
„Во однос на одредени претходни министри, постојат соодветни докази коишто сѐ уште сме во рана фаза да кажеме дека се процесуирани во вториот чекор потребен за да се затвори оваа постапка. За многу голем број злоупотреби секојдневно се доставуваат докази до МВР. Секој ден“, вели Тошковски.
Според Миитерот, државата душмански била крадена од голем број граѓани, особено функционери, бизнисмени.
„Во изминатиот период за оние 100 дена кои ги имавме, драго ми е што се успеа правосилно да се заврши со една постапка, која што на крајот процесуираше три години затвор за врховен судија за злоупотреба на позиција и е отстранет од работа еден член од Советот за јавни обвинители. Тоа е конкретно за дејствија кои се преземени од МВР“, вели Тошковски.





