Дурмиши: Нема никој во Р*М, што не чувствува одговорност за кочанската трагедија, која е алармантен симптом на уништениот и корумпиран систем


Министерот за економија Бесар Дурмиши на прашањето каде е неговата одговорност во врска со трагедијата, што се случи во Кочани, рече дека нема никој во * Македонија, што не чувствува одговорност за трагедијата, во која животот го загубија многу млади луѓе.“објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.



Порталот ја цитира изјавата, која ја даде министерот Дурмиши во овој контекст: „Ова што се случи во Кочани не е трагедија, што се случила на изолирано место, туку е алармантен симптом на уништен систем, длабоко потонат во долгогодишната корупција, што ја наследивме. Во однос на она што се спомена за фалсификуваната дозвола, органите на обвинителството постапуваат, тие ќе се огласат во јавноста да кажат до каде е стасана истрагата. Министерството за економија и труд не е надлежно и нема механизми да контролира дали некоја фирма има лиценца, или нема. Во Министерството за економија и труд се прават политики, се одобруваат закони… Одговорноста е на оние институции, кои мора да бидат на терен и да вршат инспекциски надзор Органите го истражуваат инцидентот и оти ќе ги утврдат одговорните.“