Оперскиот пејач Игор Дурловски се огласи со жестока порака на својот профил на „Фејсбук“ во врска со завршените локални избори во Македонија.
„Едниот вели ‘наместени се локалните’, а бара парламентарни, другиот као не сака. Ние се покажавме како генерација која е неспособна да зачува држава дадена на тацна… Сите ние! Некоја следна ќе ја врати, сигурен сум. Јас ја врежав Македонија во моите три сонца, а тоа не се брише. Ти?“, напиша Дурловски кој беше еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Иницијативата, позната и како „Четврти Илинден“, пролетоска речиси три месеца секојдневно вадеше на улица десетици илјади граѓани низ триесетина населени места во Македонија против т.н. „Тиранска платформа“ на партиите на македонските Албанци потпишана пред албанскиот премиер Еди Рама во главниот град на западниот сосед.





