Во бегство од Затворот во Струмица се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.
Во видео обраќање за затекнати состојби во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства.
„Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите:
„Јас стојам зад тоа“.
Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор согласно судско решение.
Во затворот казна затвор издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и од Радовиш.






