ДУИ фатена во лага – Сиљановска испратила честитка за независноста на Косово

ДУИ пак манипулира, државниот врв сепак испрати честитки за независноста на Косово, пишува МКД.мк во текстот од кој се открива дека партијата на Али Ахмети лажела кога тврдела дека Македонија не честититала.



,,Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово”, соопшти утрово ДУИ.
Сепак, официјалните информации како што објавува МКД.мк се сосема поинавки.

Вчера таква честитка биле испратени и од претседателот на Собранието Африм Гаши и од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Освен тоа, официјалните информации кажуваат дека првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република Косово, организирана од претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

И покрај ова, ДУИ на Али Ахмети денеска продолжи да манипулира со своето гласачко тело.

Повеќе детали на МКД.мк