„Темата за балансерот заврши со надеж дека Вреди ќе донесе нешто подобро и посоодветно, за да да го замени овој механизам. ДУИ, која во моментов е во опозиција, остро го критикуваше отстранувањето на балансерот, нарекувајќи го загуба за Албанците и за државата бидејќи, според нив, повеќе нема правична фер и соодветна застапеност. Но, неколку месеци подоцна, албанската коалиција Вреди, која учествува во владата, обелодени конкретни аргументи дека Валмир Азири, секретар во Министерството за култура, кадар на ДУИ, во моментот на вработување ја променил својата етничка припадност, станувајќи Македонец, па се пријавил за да го добие тоа вработување.“ – пишува информативната агенција на албански јазик Журнал’ во својата редакциска анализа со наслов „ДУИ ‘тажеше’ за балансерот, додека нејзините експоненти го злоупотребуваа овој механизам!“.
ДУИ го злоупотребуваше балансерот, наместо да го користи
Натаму агенцијата истакнува: Потоа коалицијата Вреди реагираше со свое соопштение, во кое истакна: „Валмир Азири, поранешниот државен секретар за култура, направи срамен и неприфатлив чин кој го срами не само него лично, туку и секој Албанец. На конкурсот во 2021 и почетокот на 2022 година, тој не се двоумеше да го смени идентитетот од албански во македонски, само за да овозможи лична придобивка и да си обезбеди работно место, наменето за на македонската етничка припадност. Ова е незамислив чин на предавство кон Албанците и тешко кршење на вредностите, кои не определуваат како народ. Демократската унија за интеграција, на којаѝ е полна устата со заштитата на интересите на Албанците, не се двоумеше да ги продаде секоја вредност и идентитетот на Албанците кога се во прашање тесните лични интереси. Овој скандал е јасен одраз на лицемерието и неспособноста на оваа партија, која продолжува да профитира од позициите и да манипулира на сметка на Албанците.“
„По овој скандал се наметнуваат важни прашања: Кој е договорот, што го поттикна Валмир Азири на ваков потег? Дали неговиот молк во времето кога беше државен секретар е дел од агендата за деградирање и маргинализирање на Албанците во културата? Може ли да се каже нешто поинаку за поединец, кој за свои интереси е подготвен да го предаде и да го продаде својот идентитет? Ова е чин кој не може да остане без последици! Коалицијата Вреди е решена да се бори против секој обид за манипулација и кршење на албанскиот идентитет за тесни и лични интереси. Бараме итна одговорност за овој сериозен скандал и се ангажираме да осигуриме за поединци како Валмир Азири да нема место во институциите, кои треба да ги штитат интересите и вредностите на Албанците. Ова е јасна порака до сите оние кои мислат дека можат да ги предадат албанската култура и идентитет за лична корист: Коалицијата Вреди нема да застане и ќе продолжи да ги штити интересите на Албанците и нашиот национален интегритет.“ – порача коалицијата Вреди во своето соопштение.
Несоодветното и дискриминаторско вработување доаѓа токму од партиските вработувања
Партиските вработувања стануваат нешто многу нормално и без партиска книшка вработувањето може да биде само сон. Ова ја доведе земјата до оваа состојба да ѝ се заканува опасност да стане непогодна за живеење, бидејќи секое момче и девојка ги планираат своите животи надвор од границите на државата, во која не се признава нормалното. Со партиските вработувања се отстрануваат критериумите за вработување. Вработување без критериуми е вработување, за да се земе плата и ништо да не се работи. Сега кога * Македонија очекува датум за почеток на преговори со ЕУ, се враќаат надежите дека скринингот со ЕУ ќе има влијание врз расчистувањето на партиските вработувања. А, оваа појава да не се повторува и понатаму, затоа што носи непоправливи последици. Вработувањата треба да се прават според критериуми и меритократија, систем на заслуги.
Значи, * Македонија, покрај другите проблеми што ги има во однос на правната држава и владењето на правото, една од другите грижи е фактот што државната администрација е преоптоварена со вработени, од кои некои немаат ни соодветни квалификации. Затоа, императив е државната администрација да се исчисти од партиски вработени лица, кои се таму за да земаат плата, не работејќи ништо, освен да губат време. Тие не се подготвени да напредуваат, ниту да ја извршуваат работата што им е доделена.





