ДУИ се огради од Груби, повеќе не бил дел од партијата

Демократската унија за интеграција не сака да ги коментира наводите на министерот за животна средина и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се крие во Албанија, бидејќи довчерашната десна рака на лидерот Али Ахмети повеќе не бил дел од партијата.



„Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата. Должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата, Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа“, изјави бившиот сопартиец на Груби и ексградоначаник на Чаир, според кој Груби не е во Косово, туку во Албанија, чиј пасош има.