„Демократската унија за интеграција го отпочнува сеопфатниот процес на реформи и ветинг внатре во партијата, предводени од претседателот Али Ахмети и раководството. Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи нов стандард за политичките партии во регионот.“ – соопшти партијата на Али Ахмети.
Натаму во своето соопштение ДУИ наведува: „Пратениците од ДУИ ги почнаа реформите со проценка на опасноста од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа. ДУИ, покрај пратениците, решително продолжува со проширување на ветингот, нацелен и кон сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството и раководствата на локалните партиски ограноци.“
„Со стратегискиот акциски план ДУИ има за цел да го зајакне ставот на партијата против корупцијата и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси. Како предводник на овие реформи ДУИ поставува преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја покажува решителноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти. ДУИ е посветена на градење исклучителен институционален и личен интегритет, изјави Али Ахмети, претседателот на ДУИ.“
„Нашиот пристап е сеопфатен и добро планиран, со насоченост кон поединците со силен интегритет, кои ќе ја бранат антикорупциската агенда и ќе го движат процесот на ветинг. Преку стратегиските акции и непоколеблива посветеност ДУИ останува посветена и решителна да предводи реформи преку својот личен пример, со крајна цел да изврши значајни промени во партијата, како и во националната рамка на владеење.“ – се истакнува во соопштението на партијата од Мала Речица, тетовско.
Home Македонија ДУИ „непоколебливо“ почнува со реформи и „корупциска проверка“ на сите партиски функционери...



