„Нудеа се’. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години“, рече вчера лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари кој во гостување на ТВ 21.



Таравари рече дека една од најголемите грешки било што влегле во владата.

„Повеќето од партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не сакав да бегам од одговорност.

Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците“, рече Таравари и вели дека ја признава таа грешка.

За ДУИ вели дека таа поартија никогаш не била послаба како што е денес и најави промена.

„Сигурен сум дека промената кај Албанците ќе дојде и тоа е добро. Само не знам со колкава разлика, но промената ќе дојде, а тоа ќе биде добро и за ДУИ.

ДУИ не бил послаб никогаш, од 2002 година, тоа го велат статистиките, анкетите“,  реше се уште актуелниот претседател на Алијанса за Албанците која се соочува со бвнатреш