Демократската унија за интеграција реагира на изјавата на министерката за образование Весна Јаневска според која „војската УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо“, дадена во коментар на приредбата во с. Челоппек каде ученици биле облечени во воена униформа со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.
„Да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на придонесот на Албанците во оваа земја.
УЧК не е „ништо“ за Албанците – таа е симбол на жртвување за еднаквост, правда и достоинство.
За Албанците, УЧК претставува борба за поправедно општество и за изградба на држава каде што секој граѓанин ќе биде еднаков.
Секој обид за негирање на оваа историска вистина е чин на дискриминација што ги продлабочува меѓуетничките поделби и сериозно ја нарушува општествената хармонија“ реагираат од ДУИ.
Велат „овој селективен и лицемерен пристап е неприфатлив. Да се величаат Комитите, а да се омаловажува УЧК, е доказ за двојните стандарди и недостатокот на искреност од оваа влада.






