ДУИ: ВМРО ДПМНЕ бара македонско единство со Левица и ЗНАМ, но нема да дозволиме меѓународна изолација на Р*М!

„Од коалицијата Европски фронт велат дека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски официјално ја прогласија коалицијата со Левица на Апасиев и партијата ЗНАМ на Димитриевски. Од коалиција Европски фронт ја повикуваат албанската опозиција да се построи, како што велат, со ‘заевропејците’.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“, пренесувајќи го соопштението на ДУИ.



Во тоа соопштение натаму се изнесува: „Овие две партии се тесно поврзани со Москва и со разни проруски кругови, а познати се по нивните противалбански позиции. На собирот во Охрид Мицкоски побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, со цел, како што рече, да се отстрани државата од рацете на Албанците. Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека * Македонија со навреме веќе го отвори патот за еднаквоста, демократијата и членството во големото европско семејство.“

„ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во * Македонија, нема да дозволат земјата да се врати назад кон меѓународна изолација. Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се усогласи со заевропејците, да не стане алатка на руските кругови во земјата.“, се вели меѓу другото во реакцијата на ДУИ.