Интегративците на Али Ахмети анализираат дали треба да излезат сами на изборите или заедно со крилото на Зијадин Села во АА, со ЕДП на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи, како и евентуално со Аднан Исмаили, дознава ТВ.21.



„Моето мислење е дека г. Села треба да распише референдум во неговата партија, дали ќе излезат како автономна партија или ќе му се придружат на Европскиот фронт“, порача Али Ахмети.

Но, претседателот на АА, Зијадин Села вели дека и натаму е на ставот дека ќе одат сами на избори.

„ Коалицијата со ДУИ не ја направи Зијадин Села како претседател, туку Арбен Таравари…ние продолжуваме да сме на истиот став дека АА ќе оди сама а избори“, вели Зијадин Села.

Доколку евентуално се реши да се оди заедно со ДУИ на избори, извори за ТВ21 велат дека се разговарало Зијадин Села да биде носител на листа во ИЕ 5, додека пратеничката Илире Даути биде трета на листата во ИЕ 6, но во овој случај останува дилемата како би се позиционирал Рамиз Мерко, актуелниот градоначалник на Струга.