Со овој потег Обединети Арапски Емирати сакаат да станат пионери во футуристичкиот транспорт. Во првото, пробно возење, немаше патници. Дронот изгледа како мала хеликоптерска кабина со две седишта и може да се вози 30 минути со брзина од 100 километри на час.



Поради планот тој да работи без далечински управувач и со максимално времетраење на летот од 30 минути, во случај на проблеми, со ова летачко такси доаѓаат резервни батерии, ротор и неколку падобрани.

„Покажуваме факти, а не визија“, рече Александар Зосел, косопственик на германската компанија.

Патниците и заинтересираните ќе можат да го следат движењето на таксито преку телефонска апликација.