Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог – Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица.
„Ваквите измени ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт“, велат од Демократскиот сојуз.
„Во процесот на носење на круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавна контрола над извршната власт.
Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број на гласачи, а не како досега во изборна единица шест пратеник да се бира со 6 300 гласа, а во изборна единица три, со 10 илјади гласа.
Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг, а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел.
И политичката партија ЛДП денеска најави дека ќе поднесе во Собранието предлог за укинување на шесте изборни единици и воведување една изборна едиица со можност да гласа и дијаспората, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Ако навреме се фатиме за работа, тогаш не гледам причина зошто на следните парламентарни избори да не успееме да одиме со една изборна единица, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
„ Политичката партија ЛДП денеска најави дека ќе поднесе во Собранието предлог за укинување на шесте изборни единици и воведување една изборна едиица со можност да гласа и дијаспората. Јас веќе еднаш потврдив дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат ваквиот предлог. Секако, потребно е тој предлог да дојде во наши раце, добро да го прочитаме и да го анализираме, ама начелно се согласуваме со ваквите измени“. порача Мицкоски.





