За Европскиот фронт предводен од ДУИ, гласаа само 500-700 гласачи од општина Шуто Оризари и тоа под закани и притисоци од страна на градоначалнилот, а Ромите никогаш не биле во полоша состојба како за време на владеењето на ДУИ и СДСМ, реагираат од партијата Демократски сили на Ромите (ДСР) на т.н. политичка на декларација за “ етничкиот легитимитет “ на фронтот предводен од ДУИ.



Во неколку наврати слушаме како се повикуваат, покрај останатите етнички заедници дека и ромите не биле испочитувани велат од ДСР и во во реакцијата укажуваат:

1. За Европскиот фронт предводен од ДУИ, гласаа само 500-700 гласачи од општина Шуто Оризари и тоа под закани и притисоци од страна на градоначалнилот;
2. Ромите никогаш ама никогаш не биле во полоша состојба како со владеењето на оваа гарнитура на ДУИ и СДСМ;
3. Кога веќе зборуваме за легитимитет, ромите 90% ги поддржаа програмите на ДСР, ВМРО-ДПММЕ и Христијан Мицкоски како предводник на коалицијата и голем пријател на ромската заедница;

„Апелираме, Ромите да не се злоупотребуваат пред јавноста и меѓународната заедница за спас на токму оние политичари кои ги срушија сите позиции на институциите кои беа наменети за ромите, а оние роми политичари, кои како јаничари работеа против ромите ги замолуваме јавно да излезат и да си понесат прво морална, а потоа политичка и друга одговорност.

И на крај, за 20 години власт имаше доволно време да се помогне на Ромите, доколку некој имаше желба.

И јавно прашуваме, колку Роми се вработија во институциите на системот последните 5 години?!

Дали рамковниот договор важеше за Ромите последните 5 години или огласите си ги договаравте според “духот на некој друг рамковен” непознат за ромите.

Некако Ромите последните 5 години системот не ги препознаваше на огласите за вработување“, се вели во реакцијата на ДСР.