Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива, вели Анѓушев

Не може сите млади да бидат ИТ инженери,бидејќи на државата и се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози.



Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје, по повод 20 години од Институтот за мехатроника.

„Мора да се земе предвид дека стопанствотоденес не е истото коешто беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори, и затоа и факултетитетреба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијатаденес.

Можеби е добро на факултет, уште после првагодина, да се прави насочување на студентитево два правци: инженери кои сакаат даработат во академија, на факултет, во наука, и инженери кои сакаат да работатапликативно машинство, односно кои сакаатда работат во индустријата.

Така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина. 

Исто така, потребна е државна интервенцијана пропишување на тоа колку студенти и кадеда се запишат на факултетите, и тоа согласно потребите на државата и на општеството. 

Сега се помалку има запишани студенти на градежен факултет, на архитектура, металургија технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидатинформатичари како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо, затоа што државата за да функционира има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдетеградежни инженери ни да вршат надзор наградбата на патишта.

Една држава не може да постои и да серазвива без инженери во индустријата“, речепроф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик иизвршен директор на групацијата „ФероИнвест“ на панелот на Машинскиот факултет, на кој говореа и министерката за образование Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот Св.Кирил и Методиј, Биљана Ангелова, идиректорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.