Извонредно возбудлива НБА ноќ со седум меча, и во нив пресврти, изненадувања, тесни завршници, но и инциденти. Еден таков приредија Дрејмонд Грин и Бредли Бил, овој првиот повеќе, на мечот Голден Стејт-Вашингтон што првакот го доби со огромен пресврт и по негатива од 18 разлика со 120-117. Ако Вориорси се спасија тоа не им успеа на Сан Антонио кој настрада кај Орландо со 114-87 и Оклахома која доживеа потаз кај Минесота со 119-116. Во овој дуел е видена една од двете најдобри индивидуални партиии, а ја имаше Карл Ентони Таунс со 33 поена и 19 скока. Втоарата е трипл дабл остварувањето на Џејмс Харден од 27 коша, 10 скока и 11 асистенции во триумфот на Хјустон над Шарлот со 109-93.
Наместо кошарка и кошеви во видеото ја нудиме пресметката на Грин и Бил.
https://youtu.be/G6S2UqU6fsk