Албанската демократска партија (ДПА) денеска ќе го одржи Централното собрание, на кое се очекува да се донесе одлука да се приклучи на Европскиот фронт на ДУИ.
Собранието ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот.
Досега само ДУИ и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, се дел од Фронтот што го предводи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата „Дебат плус“ на Клан Македонија најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата воТетово.
Најавено е дека утре ќе се потпише договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа.
„Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија како и и неколку здруженија. Сите тие се предводени од господинот Ахмети како носител на оваа мисија. Јас отсекогаш сум бил директен, и не е на мене да го спречам господинот Ахмети да направи помоќна коалиција“ изјави Тачи.






