Преговорите за состав на нова бугарска влада меѓу ГЕРБ-СДС, Демократска Бугарија, БСП-Обединета левица и „Има таков народ“ продолжуваат, дознаваат „неофицијално“ бугарски медиуми.
Во следните два дена се очекува да има интензивни преговори.
Најверојатно во петок ќе стане јасно дали ќе има мнозинство за редовен кабинет.
Во неделата ГЕРБ-СДС објавија дека ги прекинуваат преговорите за влада, бидејќи не е постигнат договор за персоналниот состав на иден кабинет и за името на кандидатот за премиер.
Партијата на Борисов ги прекина преговорите за состав на бугарска влада






