Хаосот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откако надвор од употреба беше ставена дотраената компресорска станица, наскоро нема да биде надминат, пишува Дојче веле.
Оперативниот план за изградба на нова компресорска станица предвидува дека дури за 6 месеци би можеле работите да тргнат од „мртва точка“.
Д-р Мехмедовиќ: Ни на сон не смееше да се случи пропустот на Хирургија
На хируршките клиники се одложуваат илјадници операции, а до крајот на годинава, пациентите ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Другите две болници ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ работат со максимално темпо и преоптоварени се со пациенти на кои им се неопходни итни операции.
Владата во четвртокот (13.06) го разгледа оперативниот план за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар, подготвен од Службата за заеднички работи.
Заеднички служби планираат да ја сменат компресорската станица на Клинички центар до Нова година.
За замена на опремата и инсталациите на централната компресорска станица се потребни 455.000 евра, средства кои делумно ќе бидат финансирани од универзитетските клиники.





