До кога со зелка ракија ѕвезди од скара на кило кафани – Ина Многуфина во одбрана македонските музичари

До кога во Македонија ќе се носат таканаречени ,,зелка ракија ѕвезди” од скара на кило кафани прашува инфлуенсерката Ина Многуфина која застана во одбрана македонските музичари кои се жртви и на балканските турбо фолк музичари.



,,Може ли некој музички настан да помине без да се викнат Тропико Бенд, Пеџа Меденица, Џенан Лончаревиќ, Теа Таировиќ и ред други зелкаракија ѕвезди од скара на кило кафани? Па која е поентата во земја позната по музика и уметници да го спуштаме нивото на забава ко за Петранка од Благодарево? Дигнете го малце нивото на забава, доста им се угодува на Ѕвезде Гранда публиката. Па ко ќе чујам, “тоа сака да слуша народот”, па не знам со кој народ вие се дружите ама не е тоа што сака да слуша цел народ, само изгледа кафанскиве ѕвезди се поевтини па се потепаа гостувајќи кај нас, истиснувајќи ги нашите домашни изведувачи и убивајќи ја секоја желба за продукција на модерна музика со години наназад”, пишува Ина Многуфина наметнувајќи го прашањето за трошењето на пари за балкански музичари додека македонските ѕвезди се демотивираат да творат.