Дојранско Езеро на 80 см. под миниумумот: Денеска пак почнува да се полни

Санираниот хидросистем Ѓавато, со кој Дојранското Езеро се снабдува со вода, денеска ќе биде пуштен во употреба



Како што е најавено, на пуштањето на системот ќе присуствуваат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков.

Според вчерашните мерења на УХМР, нивото на водата во Дојранското Езеро е 80 сантиметри под договорениот минимум.