„Во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови се поставени експлозивни направи.
Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и возот“, се вели во соопштението на Компанијата „Србијавоз“.
Компанијата додава дека интензивно соработуваат со Министерството за внатрешни работи за разрешување на ситуацијата. Еуроњуз