Доха се исплаши од Атина: „Катар Ервејз“ го избриша видеото за Македонија

Катарската компанија „Катар Ервејз“ попушти пред притисокот од Грција и го избриша видеото со кое што го најавуваше почетокот на летовите кон Македонија, кои започнаа на 17 јули.



Линкот до нивната страна на социјалната мрежа Твитер и на другите социјални мрежи каде што беше поставено прекрасното видео веќе не функционира.

Видеото го нема ниту на Youtube каде што се постирани сите видеа за други светски дестинации.

„Катар ервејз“ беше под силен притисок на социјалните мрежи од страна на грчки активисти најверојатно координирани од грчки државни служби кои што на компанијата и се закануваа со бојкот доколку не престане да ја нарекува Македонија со уставното име.

 

Катарската компанија досега официјално не објави зошто го повлекла видеото за Македонија.

Повеќе за грчките закани на следниов линк http://expres.mk/?p=11883

Линкот до текстот во кој можеше да се види прекрасното видео http://expres.mk/?p=11685