Политичките партии ГРОМ, Интегра, и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите на лидерот Самка Ибраимовски потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори.



Првиот човек на ПЦЕР, Самка Ибраимовски ќе биде носител на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица 5.

Лично го познавам Љупчо Ристевски, тој е чесен граѓанин. Со Стевчо се знам откако беше министер а јас заменик министер од времето кога воведовме Декада на Ромите.

„Повеќе од 30 години живееме во црно бело свет. Доста е да не водат фамилијарни кланови и потрчоковци од партиските штабови и нема што да прават освен да се закачени на државна цицка.

Граѓаните се ставени пред чин како да немаат опција. Да сфатиме дека има излез и светлина на крајот од тунелот.

Овој брод Македонија плови во немирни води, едни лево едни десно, виткаме кичма, прифаќаме се што се бара, немаме дефинирани црвени линии за ниту едно прашање. Ние сме со македонскиот народ и го почитуваме нивниот идентитет“, изјави Ибраимовски.