Во Хрватска граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за бојкот на шопинг на 24-ти јануари, (петок), со барања секој петок да стане ден на бојкот како одговор на високите цени.
„Ајде секој петок да го претвориме во постојан ден без купување додека не го слушнат нашиот глас. Почнуваме на 24.01.2025 година“ се вели во барањатаза бојкот и темата предизвика различни коментари, кои ги сподели и Индекс.хр.
„Доста е…Секоја чест луѓе, да продолжиме така“, „Доста е да не шутираат, јас секако ги поддржувам, затоа што им требаме повеќе од нас“, „Јас поддржувам и сподеувам ‘Конечно народот се разбуди, доста е!“, „Па тоа е веќе нешто“, напишаа некои, а други изразија скептицизам.
„Ќе се приклучам, но не гледам како ова воопшто може да ни помогне, нема да купите нешто во петок, но ќе купувате во четврток или сабота ако ви треба“;
„Генерално немам проблем да не купувам во петок. Згора на тоа, тоа ќе придонесе за заштеда бидејќи нема да купам пециво, бонбони, кока-кола, но сепак би сакал објаснување како ова ќе помогне .
Некои повикуваат на претпазливост. „Ајде прво да поминеме еден петок па после да објавуваме вакви наслови, малку се истрчуваме трчаме…“






