„Доста е“: Трамп го прекина и го замолчи британскиот премиер да зборува за Канада

На заедничката прес-конференција со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармервчера, американскиот претседател Доналд Трамп го прекина Стармер додека одговараше на прашање од новинар за прашањето за Канада.



Зборувајќи на прес-конференцијата со Трамп во Вашингтон, Стармер рече: „Мислам дека (новинарот) се обидува да најде јаз меѓу нас што не постои“ рече Страмер одговарајќи дали Обединетото ккралство и кралот Чарлс, се загрижени за Канада која е се уште под британска јурисдикција и има британски гувернер, а Трамп бара да се приклучи на САД како 51 американска сојузна држава.

 Претходно истиот ден, Трамп одлучи да продолжи со воведувањето на тарифи за Канада и Мексико од 4 март, наведувајќи го протокот на недозволени дроги што наводно доаѓале во САД од нивните граници. 

Трамп одново ја „кани“ Канада да стане дел од САД