Доста беше навреди кон медиумите, доста беше молк за сите глупости кои им ги направија СДСДУИ

Доста беше молчење од медиумите за сите навреди и доста е трпење на сите глупости направени врз медиумите и врз Македонија од челници на СДСДУИ. Мислењето ги плаши, мислењето ги поразува, но мислењето ќе ги надвладее за да нѐ биде. Да, баш „како до сега“, што би рекол Али Ахмети, а би потврдил Ковачевски!

Откако посебен сој „птичји грип“, да го наречеме „димитрититис“ на пример, се појави низ градот, напаѓајќи анкетари, новинарите со внимателност ги вадат микрофоните на улица за да го снимат мислењето на граѓаните.



Би било смешно да не е страшно, недостоинствено и пред сѐ – тажно и мачно да се гледа како пропаѓа Ковачевски, влечејќи ја партијата СДСДУИ уште повеќе надолу. А од друга страна – е па доста беше молчење за сите навреди и доста трпење за сите глупости направени врз медиумите и врз Македонија од челници на СДСДУИ!

Слободата на медиумите беше главното комуникациско орудие на претставници на владата, кога се обидуваа да се оправдаат за најлошиот извештај за напредокот во евроинтеграциите. Ковачевски, Маричиќ, Османи… кој сѐ не излезе на телевизија, за да се обиде да избега од конкретен одговор за деветте нули од Европската комисија. Потребен беше само еден исчекор на Македонската телевизија во модерно дигитализирано студио, со големи бројки да испишат анкетни резултати за рејтингот на партиите, за експремиерот од СДСДУИ да заборави на слободата.

„МТВ само нѐ потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година“, рече Ковачевски на 8 февруари, а во бегството од одговор за поразителните бројки за СДСДУИ, заборави дури и дека за него и за СДСДУИ и за владата којашто ја водеше, јавниот сервис не е МТВ туку – НТВ, иако името на институцијата не ѝ е сменето.

Ист ваков напад на „птичје воспаление“ го беше било фатило кога телевизија Телма ги праша студентите дали можат да преживеат ден со владините 140 денари. Воспалението се разви во беснило, дехидрација и предизвика пена на уста, додека воспалениот констатираше дека медиумите се ставиле во функција на една политичка партија. После ќе се „освестеле“, но внимавајте, „ама касно ќе е“?!

Кому ќе е касно? За што? Што значи „освестување“? Само мене ли ова ми звучи како тешка закана кон медиумите од лидер на партија што тоне?

Нејсе, навредите продолжуваат, медиумите биле „евтини“, сами се продавале, „бит-коин се купувал кога бил најевтин“…

Верувам дека и ова „евтин“ и „продавање“ има многу поинакво значење, како и неидентификуваното „квицкаат“, кое веројатно е квичење, но што знам јас, немам птичје беснило, ниту може да го толкувам. А секако ЗНМ не плаши човек што веќе има познато медицинско досие. И сега релативизаторите на властодржците ќе кажат дека не е ништо страшно – слобода на говор, слобода на мисла…

Но, дали тогаш навистина уживањето слобода на говор, на став и на мислење е еднакво?

Не така оддамна, пред неполна година, пратеник е осуден за говор од собраниска говорница. Собраниската говорница е светилиште за слобода на мислење и изречен став, обезбедува имунитет за пратеникот. Сѐ додека не му попречи на СДСДУИ и судот под чудни околности осуди пратеник за говор од собраниска говорница.

Но, и ова има корен подлабоко. Пред две години, законски предлог-текст од владата пристигнат во Собранието, крена бура затоа што СДСДУИ се обиде на мала врата да казнува – за мислење. Во предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета стоеше изменет член, во којшто се наведуваше „или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење“. Скратено на некој начин, „ќе изрази негативно мислење“.

Целата колумна на Наум Стоилковски за Плусинфо на следниот линк:

Медиумите „квицкаат“, ама нема да биде за долго – наскоро СДСМДУИ ќе престане да беснее од „блескање“!