Home Македонија Досега 29 бивши пратеници побарале апанажа

Досега 29 бивши пратеници побарале апанажа

 

Од 29 пратеници кои побарале да земаат плата од државната каса по престанокот на мандатот, 21 пратеник се од СДСМ и коалицијата.



Меѓу нив и партискиот портпарол Дарко Каевски, Ненад Коциќ, Диме Велковски, Санела Шкријељ, Маја Морачанин од ДОМ, дознава Канал 5.

Од ВМРО-ДПМНЕ апанажа побарале двајца- Игор Јанушев и Мирче Аџиоски.

Дури 57 бивши пратеници можат да побараат апанажа

Четворица од Алијанса за Албанците, меѓу кои и најмладата пратеничка од тој состав, Артана Ќазими, која ниту еднаш не зема збор на говорница.

Оод ДУИ апанажа побарал само еден поранешен пратеник, Бајрам Кадрија.

На списокот баратели на плата од државна каса по престанок на пратеничкиот мандат е и Кастриот Реџепи, кој на јавноста и стана познат откако исчезна во пресрет на гласањето за недоверба на Владата пред 3 години.

Според информациите од Собранието, вкупно 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа, што значи дека бројот од 29 барања не е конечен, а рокот за поднесување барања завршува на 28 јуни.