На седмите избори за претседател на државата закажани за 24 април, во трка се вкупно 13 имиња за кандидати.



Раководството на СДСМ му даде поддршка на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, а ВМРО-ДПМНЕ ја предлага професорката Гордана Силјановска Давкова.

До Државната изборна комисија досега како кандидати за претседател се пријавени: Бујар Османи од ДУИ,

Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија,

Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ,

професорката Билјана  Ванковска како кандидат на Левица,

Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција ВРЕДИ,

Мерсиха Смаиловиќ која е поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), и

Вело Марковски, кој својата независна кандидатура за претседател ја најави лани во октомври

Дополнително уште четворица други дале изјава со иницијатива за собирање на граѓански потписи до ДИК – Томе Николовски, Господин Поповски, Ѓорѓи Манасков и Зорица Цветковска.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Согласно роковникот на Државната изборна комисија, рокот за собирање потписи трае до 8 март, додека пријавувањето на дијаспората за гласање е до 18 март.