На јавниот повик на Општина Центар за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари, дознава Телма
Јавниот повик којшто се имплементира трета година по ред се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен“, сѐ до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена, вели градоначалникот на „Центар“ Горан Герасимовски.
Јавниот повик трае до 29 ноември, односно додека финансиските средства предвидени за оваа намена не се исцрпат.
Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).
Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=23162. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот.





