Пет лица се потврдени за загинати откако експлозија предизвика пожар во трикатна станбена зграда во холандскиот град Хаг.
Додека трае потрагата по преживеани под урнатините, едно лице е извлечено живо, соопштија вчера вечерта од противпожарната служба.
Четири други лица повредени во експлозијата биле итно пренесени во болница набргу по експлозијата што се случила утрото, соопшти полицијата.
Градоначалникот Јан Ван Занен рече дека има мала надеж дека уште жители ќе бидат спасени живи. Се подготвуваме за најлошото можно сценарио“, рече градоначалникот.
Службите за итни случаи претходно објавија дека до 20 лица се водат како исчезнати.
Зградата делумно се урна по експлозијата, напишаа пожарникарите на Х. Во експлозијата и пожарот што следеше се уништени пет стана.
Полицијата трага по автомобил кој веднаш по експлозијата се оддалечил од местото на настанот. Од жителите било побарано да обезбедат видео снимка од местото на настанот што би можело да помогне да се идентификува автомобилот.
Во Холандија веќе подолго време се случуваат експлозии и подметнати пожари кои ги погодија домовите, деловните објекти и возилата. Експлозиите, кои често се случуваат ноќе во влезовите или покрај зградите, предизвикуваат штета, но обично имаат малку жртви.
Полицијата верува дека нападите се извршени заради заплашување или уцена од ривалски банди за шверц на дрога.
Холандскиот премиеризрази шокираност од експлозијата и понуди владина помош. Загриженост изрази и кралското семејство.
Три лица загинаа во експлозија во станбен комплекс во Ротердам на почетокот на годината.
Експлозијата била поврзана со нелегална лабораторија за дрога.






