Откако попладнево беше објавен официјалниот список кој стои на страната на министерството за економија вечерва е дополнет списокот со кабареа во Македонија вклучително и во главниот град.
На списокот на министерството за економија не се вметнати пет дискотеки кои ги задоволуваат законските услови за работа.
Владини извори информираат дека во Скопје има два ноќни клубови кабареа со лиценца Станица 26 и клубот 1212 а три други цели два месеци чека одговор од министерството за економија.
Дискотеките Маракана, Епицентар и Пјур повеќе од 60 дена чекаат на одговор од министерството за економија иако според законот ако 15 дена не се добие одговор на барањето според правилото за молк на администрацијата клубот може законски да работи.
Според извори во министерството за економија во случајот со дискотеката Пјур проблемот не е во клубот туку во министерството каде заради одење на одмор на одговорни вработени и долги рокови за испраќање на документи по пошта се уште не е целосно регулирано работењето на Пјур.
Изворите велат дека дискотеката ги исполнува сите законски услови за работа и дури ја има платено и потребната сума поради што наскоро за локалот треба да биде издадена лиценца.
На сајтот на министерството за економија се уште стои стариот список на кои не фигурираат петте скопски дискотеки Пјур, Маракана, Епицентар, Станица 26 и 1212 кои ги исполнуваат законските услови за работа.






