Загриженост во врска со иницијативата на коалицијата ВРЕДИ за формирање на Албанска Академија на науките и уметностите изразија и од партијата ДОМ: .



Ваквиот чекор не придонесува кон интеграција и создавање на граѓанско општество со еднакви можности за сите граѓани, туку води кон поголема сегрегација, велат од партијата.

“Улогата на МАНУ (Македонската Академија на Науките и Уметностите) е да промовира и негува наука и научни достигнувања како универзални вредности, кои ги обединуваат сите етникуми, без оглед на политичките чинители во одреден момент“, велат од ДОМ.

„Формирањето на посебна академија за еден етникум може да создаде дополнителни поделби и да го спречи напредокот кон заедничко и инклузивно општество“.

Од ДОМ потенцираат дека е потребно да се вложат напори за зајакнување на постоечките институции, како што е МАНУ, за да можат тие подобро да ги претставуваат и служат сите граѓани на земјата, без оглед на нивната етничка припадност