Долги затворски казни за родителите на убиецот од Рибникар

14.5 години затвор за таткото и 3 години за мајката на Коста Кецмановиќ. Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на масовниот убиец од основното училиште Владислав Рибникар, Владимир и Миљана, на неколкугодишни казни затвор.



Таткото на Коста е осуден поради несоодветно чување на оружјето во својот стан а заедно со Миљана, прогласени се за виновни и за кривичното дело, злоставување и занемарување на малолетно дете.

Иако родителите на самиот почеток не беа обвинети за ова кривично дело, јавното обвинителство во октомври го прошири обвинението по сведочењето на нивниот син. Затворска казна од 15 месеци доби и инструкторот по стрелаштво, поради лажно сведочење.

Родителите на убиените деца очекуваа високи казни но велат дека и без разлика на одлуката на судот, нивните животи засекогаш се променија на кобниот 3- ти мај.