Снегот прави проблеми ама и дел од граѓаните со својата неодговорност ги комплицираат состојбите на македонските патишта по големите врнежи на снег на цела територија на Македонија.
Долга колона кај Демир Капија на возила со летни гуми и тешки товарни возила е забележана денеска околу 16 часот и 30 минути.
Колоната е на еден километар од тунелите на автопатот кон Гевгелија.
Некои од возилата меѓу кои има и такви кои на пат тргнале со летни гуми и без зимска опрема се враќаат назад кон Демир Капија.
Од другата страна на автопатот кон Демир Капија сообраќајот се одвива отежнато но без поголеми проблеми.
Полицијата го обезбедува овој дел од патот кој е исчистен колку што е чиста и другата лента.
Причината за застојот е камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.
Веста за МИА ја потврдил Виктор Паласкаров, раководител на Секција Гевгелија при ЈП „Македонија пат“.
Соред него, сообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи преземаат мерки за извлекување на извртениот камион, а дотогаш сообраќајот ќе се одвива по стариот пат.
Видеото на овој линк





