Компаниите почнаа да се пријавуваат за одгледување на канабис во Данска, чија употреба од следната година ќе биде лиценцирана за медицински цели.



Данските медицински агенции добија 13 апликации за употреба на канабис за лекување на рак и мултиплекс склероза.

Употребата на канабис ќе биде дозволена од јануари 2018 година, во рамките на четиригодишниот процес.

Месечната доза на канабис за еден пациент сега чини 935 долари, а се очекува дека цените ќе се намалат кога канабисот ќе биде од домашно производство.