Додик го виде Путин (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го прими во Кремљ лидер на етничките Срби во Босна, Милорад Додик.



Кремљ објави снимка на која Путин се ракува со Додик, велејќи дека рускиот претседател е „многу среќен“ што го гледа (Додик) во руската престолнина, јави Moscow Times.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека рускиот претседател Владимир Путин го примил Додик.

По Додик е распишан налог за апсење поради обвиненија за отцепување и непочитување на уставот на Босна и Херцеговина.

Додик, кој објави дека моментално престојува во Москва, ги демантираше информациите во медиумите дека во Москва бара руско државјанство.

„Ниту побарав државјанство на Руската Федерација, ниту добив“, изјави лидерот на босанските Срби.

За средбата со Путин тој изјави:

„Само што имав средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ова е наша 26-та средба. Путин ги знае деталите, севкупната ситуација што се случува во нашата земја. Го интересира што прашува обичниот човек овде.

Русија е многу важна земја за Република Српска, во рамките на Советот за безбедност и отсекогаш била објективна. Русија е гарант на мировниот договор и тоа го кажа Путин на средбата.

Во овие рамки Русија ќе настојува да ја прекине и запре работата на меѓународните институции, особено на лажниот висок претставник или, како што вели, нелегитимниот претставник. Го интересираа деталите, што правиме и како го правиме тоа“, напиша Додик на Х.

Тој не појасни зошто точно дошол во Москва додека во Босна и Херцеговина се соочува со потерница и додека Судот на Босна и Херцеговина бара од Интерпол да распише меѓународна потерница по него.

Додик „исчезна“ во четвртокот откако му било ставено до знаење дека не е непожелен гостин на конференција посветена на борбата против антисемитизмот.

Додик се јави од – Москва