И додека познатата актерка деновиве престојува во Белгад и ги избегнува папараците, многумина се прашуваат и не знаат дали Деми Мур крие некаква тешка судбина. Истите сметаат дека таа има голем број на проблеми од кои не може да се извлече.

Иако на прв поглед може да изгледа е се во ред, животот на познатата актерка не е „мед и млеко“.
Деми Мур имала тешко детство, кое било обележано со нејзините лоши односи со нејзината мајка. На 17 години се омажила за музичарот Фреди Мур, од кого се развела по четири години брак, а потоа следел брак со актерот Брус Вилис, со кого има три ќерки Рамер, Скаут и Taлула.

По разводот со Вилис, се омажила со шеснаесет години помладиот актер Ештон Качер , но по осум години следи и трет развод. По овој развод Деми западнала во депресија и нашла утеха во алкохолот, а во почетокот на 2012 година беше и итно хоспитализирана. Иако сите тврдат дека причината за тоа бил стресот, постојат и сведоци кои велат дека Деми наводно, се предозирала. Нејзиниот портпарол, пак, тврдел дека во тоа време „актерката побарала професионална помош поради исцрпеност“, но само еден месец подоцна, Центарот за откажување од алкохол и дрога во Санденси, потврди дека актерката престојувала таму.




