Договорот со Македонија – настан на годината за Бугарија

Ако за светот „Настан на 2017“ е ликвидирањето на исламска држава, а за Европа, Референдумот за независност на Каталонија, за Бугарија е – потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија“, изјави за агенцијата БГНЕС, Димитар Ганев, политиколог од истражувачки центар „Тренд“.



Тој смета дека договорот претставува „клучен пробив во надворешната политика, посакуван буквално со децении, кој искрено се надевам дека ќе биде доволна основа за продлабочување на соработката меѓу овие две исклучително блиски држави какви што се Бугарија и Македонија – со заедничка историја, културно и религиозно блиски“, смета тој.