Договорот со Бугарија бил за транспортот, инфраструктурата, контактите…

Министерскиот совет на Бугарија го проследи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија на ратификација во Народното собрание.
„Неговото ратификување е израз на желбата на Бугарија да изгради добрососедски односи врз основа на европските вредности. Договорот ќе донесе конкретни резултати во однос на зголемувањето на транспортните врски и комуникации меѓу двете држави, учество и добивање средства за регионални инфраструктурни и трансгранични проекти, како и за олеснување на контактите на граѓаните од двете земји“, соопшти информативната служба на бугарската Влада.