Договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе го обезбеди поддршката за македонскиот бизнис сектор и општинските проекти ќе биде потпишан во вторник, 8 октомври.
Министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочовска, ќе отпатува за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот и , како што кажа, очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо стартување на реализацијата на проектите.
Ова финансирање е дел од договорот што премиерот Мицкоски го постигна со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон.






