Околу 373 милиони гласачиво 27 членки на ЕУ денеска , на последниот ден од четиридневните избори, ќе го дадат својот глас со кој ќе бидат избрани 720 пратеници во идниот Европски парламент.



Лобирање, кавги, закани се случуваат меѓу кандидатите за европратеници…

Главната причина за тоа се пред се високите материјални права на членовите на ЕУ парламентот, а влезот може да обезбеди човек доживотно. Платата е само дел од надоместокот и привилегиите кои им следуваат на европратениците:

Денес, бруто платата на пратеник во ЕУ е 10.075 евра месечно, односно околу 7.850 евра нето. Ова се финансира од буџетот на Парламентот, односно од буџетот на ЕУ.

Дополнително, секој претставник има право на 4.950 евра месечно за плаќање канцелариски трошоци во матичната земја, што се однесува на трошоците за кирија, опрема и вработените во таа канцеларија.

За секој ден што претставник ќе го помине во Европскиот парламент му се исплаќаат по 350 евра дневница за сместување, храна и други трошоци.

Овие други трошоци не вклучуваат и обезбедено бесплатно користење на службеното возило.

Службените патни трошоци се покриваат до одредено ниво според поминати километри, како и трошоците за патарина, багаж и резервација, исто така, ги плаќа одделно ЕУ.

Неофицијалните патувања се плаќаат и до 4.886 евра годишно.

На крајот од мандатот тие имаат право на т.н „преоден надоместок“, кој е еднаков на една месечна плата годишно во која биле на функција најмногу две години.

Во моментов таа изнесува најмногу 20.150 евра.

По влегувањето во ЕУ парламентот, пратениците повеќе не треба да се грижат ниту за пензиите, бидејќи имаат право на дополнителна пензија (покрај стандардната, која веќе ја заработиле во својата земја) во висина од 3,5 отсто од нивната плата за секоја цела година на функција и една дванаесетина за секој нареден цел месец, но не повеќе од 70 проценти вкупно.

На сегашните плати тоа изнесува околу 1.760 евра дополнителна пензија, но откако ќе наполнат 63 години….