ДНЕС: Ќе градиме нова историја со Македонија. Што со старата?(2)

Да се набројат сите Бугари наредени во центарот на Скопје, не е и потребно. Јасно е едно, Македонија си ги присвоила, пишува порталот Днес (Движење за национално единство и спас) чие лого е „Да си ја вратиме државата денес“, во опширната репортажа од Скопје.
Зад споменикот на Александар (Воинот на коњ) од бел мермер стои споменикот на цар Самул, а околу него се Даме Груев и Гоце Делчев, во духот на македонската скулптурна традиција – качени на коњи.
Понатаму, од двете страни на Порта Македонија влезот се Христо Татарчев и Павел Шатев, ги набројува авторот на текстот спомениците на сите бугари во Скопје.
Тука се и оние на Ѓорѓија Пулевски, учесник во Првата Легија на Раковски во Белград и во Кресненско-Разлошкото востание во 1879 година, и Никола Карев, лидер на Илинденско-Преображенското востание во родното Крушево и „претседател на републиката создадена таму“.
Авторот на текстот потсетува дека меѓународната Карнегиева комисија која ги истражувала причините за Балканските војни во 1914 година, излегла со извештај во кој црно на бело е запишано дека на Балканот живеат Бугари, Срби, Турци, Грци, Власи и Албанци.
Македонската нација била заговорва Комунистичкита интернационала во 30-тите години на минатиот век и во 1934 година носи одлука за „правото на македонскиот народ за самоопределување“, која по 1945 година е вклучена во составот на поранешна Југославија.
Како и секоја млада нација таа треба да има своја историја, но бидејќи ја нема, најлесно е да ја присвои од соседите.
Неодамна, Бугарија и Македонија потпишаа Договор за соседство. Како одговор Македонија најави дека запира проектот “Скопје 2014”, Веднаш следеа коментари од политичари, како дури се поткрадна и мислењето дека Бугарија може да земе дел од спомениците од Скопје, кои се однесуваат на Бугари, родени во Македонија“.
Други, пак, со ентузијазам рекоа дека „од сега ќе ја градиме нашата заедничка историја со Македонија“.
Што е со старата романтична наивна историја, прашува авторот. Пак ли ќе молчат „како што во 1945 година, кога со сенародна поворка низ Софија ги предадоа коските на Гоце Делчев? (крај)