ДНЕС: Сите „бугарски“ споменци во Скопје(1)

За многу странци Скопје е изненадувачки град со бројните најразлични споменици, но за Бугарите тоа е груб плагијат на бугарската историја, пишува порталот Днес (Движење за национално единство и спас) чие лого е „Да си ја вратиме државата денес“.
Во опширната репортажа од Скопје, порталот пишува за статуите на Бугарите, меѓу кои најпрво ги издвојува оние на Никола Вапцаров и Кузман Шапкарев.
Што бараат тука? Па тие се Македонци – Вапцаров поради неговото учество во Македонскиот кружок на млади уметници од географската област Македонија од 1938 до 1941 година, формиран од Коминтерната и поради идејата да се посебен „македонска нација“, а Шапкарев – бидејќи бил роден во Охрид .
Тука се скулптурите на Кирил и Методиј, на споменикот е испишано „Св. Кирил и Методиј сесловенски просветители“. Зошто имаат споменик – јасно е – и тие се Македонци, како и нивните ученици Климент и Наум. Но, пишува порталот, македонската азбука е создадена во манастирот” Прохор Пчински “во 1945 година, по што е одобрена од Југословенската комунистичка партија.
И така, натаму се редат спомениците на мостот „Око“ каде покрај грчки, римски, српски сде и бугарските владетели на македонските земји: Радомир и Иван Владислав, севастократор Стрез, војводата Ивац, Петар Делјан, Добромир Хриз и Георги Воитех, кој го предводел востание против Византијците и привремено го ослободил Скопје.
Авторот на репортажата поставува прашање: Зошто е сето ова? И веднаш одговара:
Постои извесно оправдување за позицијата на државата – таа се обидува да го покаже значењето на нејзината историја од антиката до денес.
Но, како да се направи тоа, кога такво нешто (историја) не постои, бидејќи тука не станува збор за Република Македонија, формирана во 1991 година,
Станува збор за антички концепт, пишува порталот алудирајќи дека „македонија“ е само географски термин.
И ако прифатиме дека Балканот е историски факултет, коментира авторот, тогаш „Македонецот личи на студент плагиатор кого грчкиот и српскиот професор премногу често го туркаат на испити и понекогаш му повлекуваат ушите…“ (продолжува)