ДКСК го „чешла” имотот на поранешниот премиер Ковачевски

Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет за проверка на вистинитоста на податоците од изјавата за имотна состојба и интереси на Димитар Ковачевски, пренесува Радио Слободна Европа.



Во последната година од премиерскиот мандат, Димитар Ковачевски го зголемил својот имот за еден стан и една куќа. Ова го покажува споредбата што Радио Слободна Европа ја направи на двата анкетни листа што ги поднел до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)- првиот кога стана премиер во јануари 2022 година, а вториот кога стана пратеник во јуни 2024.

„Постапувањето по предметот е во тек. Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата се преземаат дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба. По утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука на јавна седница, која ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК,“ одговориле од ДКСК

Редакцијата на РСЕ упатила прашања до Ковачевски кој рекол дека транспарентно сите промени ги пријавил во Антикорупциска Извор : https://www.slobodnaevropa.mk/a/33052145.html