Дијаманти пронајдени кај струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок до Заеви! – Сомнеж дека проневерил десетици милиони евра!

Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов, кој е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Кај Крмзов биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголемo количество на пари во готово. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот, кој се одвивал на повеќе места низ Македонија, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите, кои ја водат акцијата.

Откриени се косовски државјани, кои основале фирми со деловна активност заедно со струмичкиот бизнисмен Крмзов. Уште пред четири години кружеа сознанија дека постои шверц на стока од фирмата на Крмзов. Се очекува надлежните институции да изнесат повеќе информации денес.

Уште пред четири години кружеа информации дека постои шверц на стока од фирмата на Крмзов. „Јавноста нема добиено одговори за шверцот на брендирана стока од страна на луѓе, блиски до семејството Заеви, како и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камион во населбата Шуто Оризари, преполн со шверцувана и нецаринета стока. Kамионот кога бил сопрен, кој превезувал стока за Крмзов, блискиот соработник на Вице Заев, инаку ‘Винекс текстил’, немал документи за царина на дел од стоката, што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната стока и за авто-деловите. Лажел и дека имал целосна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата.“ – имаше соопштено тогаш ВМРО-ДПМНЕ.