Работата и работните односи се најчестите причини поради кои граѓаните пријавуваат дискриминација, па така државните институции се повеќе ги дискриминираат граѓаните. На адресата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стигнале 405 претставки од граѓаните за 2024-та година. Најголемиот дел од нив се пожалиле дека се дискриминирани на работното место, а се вработени во јавниот сектор, покажува годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

За 20 проценти е намален бројот на претставки во 2024 година во однос на 2023-та. Забележано е дека има поголем број на претставки во однос на националната или етничката припадност, зад што најчесто стои политичко уверување.
Дури 80% од претставките покажуваат дека државните институции се најголеми дискриминатори на граѓаните. Но дали овие податоци покажуваат дека државните органи ги дискриминира граѓаните, или се плашат да пријават неправилности во приватниот сектор.
- „Ме загрижува оти никој не пријавува од приватниот сектор“, изјави претседателката Гордана Силјановска-Давков.

Според членот на Комисијата, Игор Јадровски, проблем е што граѓаните сè уште не се охрабруваат да ја пријавуваат дискриминацијата.
- „Има претставки за етничка припадност“, изјави Игор Јадровски, од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Согласно извештајот, загрижувачки е тоа што голем процент од утврдените дискриминатори се државни институции, органи на управата, општини и претпријатија кои вршат јавни овластувања.





