Директор од СДСМ се тепал со полицајци во Полициска станица

Вчера во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш, јавува Струмица Денес.



Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

„Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР, пренесува порталот.